News

Битолчанец осомничен дека сексуално ги злоупотребувал трите деца

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 58-годишниот маж

loading...

Татко e осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола. Како што соопшти Обвинителството, станува збор за 58-годишен маж од Битола на кој му е одреден 30-дневен притвор.

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 58-годишниот маж кој е осомничен дека сторил три продолжени кривични дела – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Loading...

„Осомничениот, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршил други полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, 8 и 6 години.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување притвор за осомничениот.Судот го прифати предлогот и на лицето му определи притвор во траење до 30 дена“, соопшти Обвинителството.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close