Stars

Директорката на МНТ е казнета за случајот „Шверцери“: „Изненадена сум од одлуката, но нема да коментирам“

„Изненадена сум од одлуката, но нема да коментирам“

loading...

На вчерашната седница на Владата на Македонија е усвоена информацијата за настанот од 23 ноември оваа година, кога во Македонскиот народен театар беше организирана прослава по повод јубилеј на навивачката група „Шверцери“.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за култура во соодветна постапка да ѝ наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест на штетата направена за време на настанот, а на директорката да и биде изречена казна со намалување на платата за 15 проценти во траење од три месеци затоа што направила пропуст и дала согласност за отстапување на МНТ без писмен договор.

Loading...

„Изненадена сум од одлуката, но нема да коментирам“ – изјави за Факултети.мк директорката на Македонскиот народен театар, Симона Угриновска, која е казнета со 15 отсто помала плата во наредните три месеци за случајот со дивеењето на навивачката група „Шверцери“.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close