News

Колку е просечната плата во Хрватска, а колку во Македонија?

И дали просечната плата во Македонија е зголемена во последните неколку години?

loading...

Просечно исплатена нето-плата по вработен во Хрватска за месец септември изнесуваше 6.418 куни (862 евра), што номинално е 3,6, а реално 2,8 отсто повеќе отколку за истиот месец минатата година, објави деновиве хрватскиот Државен завод за статистика. Во однос на август пак, просечната нето-плата за септември е номинално пониска за 0.3, а реално за 1.1 отсто.

Највисоката просечна месечна плата во Хрватска за септември е исплатена во авиосообраќајот, во износ од 11.448 куни (1539 евра), а најниска во останатите усложни дејности, 4.233 куни (569 евра).

Loading...

Просечната месечна бруто плата за септември изнесување 8.693 куни (1168 евра), што реално е за 1.7 отсто помалку во однос на август. На годишно ниво, просечната бруто плата беше реално повисока за 3.2 отсто, пишува Пословни.хр.

Колкава е просечната нето-плата во Македонија и за колку е зголемена во однос на 2015 година?

Според податоците на Државниот завод за статистика на Македонија, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2019 година, во однос на септември 2018 година, изнесува 104.4.

loading...

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (8.8 %), Административни и помошни услужни дејности (7.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.3 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (5.0 %), Образование (3.0.%) и Преработувачка индустрија (1.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2019 година, во Македонија изнесува 25 435 денари (415 евра).

Највисоко исплатена просечна месечна нето-плата по вработен е во секторот информации и комуникации, со 45.240 денари (740 евра), а потоа следуваат Финансиските дејности и дејности на осигурување, како и дејностите од областа снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Во однос на Хрватска, во Македонија просечната нето плата по вработен за месец септември била нешто повеќе од два пати помала..

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во Македонија од 2015 до 2019 е зголемена за 3411 денари, односно, во септември 2015 година исплатената просечна месечна нето-плата по вработен изнесувала 22 024 денари.

Loading...
Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close