News

Македонската фудбалска репрезентација годината ја завршува на 68.место на ФИФА ранг листата

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил

loading...

Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68. место на декемвриската ФИФА ранг-листата објавена денеска. Ова е ист пласман за „црвено-жолтите“ како и во ноемвриското рангирање.

Следниот противник на македонските фудбалери во полуфиналето од плејофот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово исто како и во ноември се најде на 115. место.

Loading...

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил.

Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

loading...
Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close