News

Ни доаѓа најголемата македонска слава Свети Никола, заштитник на патниците, децата и сиромашните

Доаѓа големиот празник Св. Никола - еве кои се обичаите и верувањата за овој ден

loading...

На 19-ти декември, се празнува големиот христијански празник Свети Никола – Чудотворец, или кај народот познат како све­те­цот, кој е заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите, ап­те­ка­рите, тр­гов­ците, пат­ни­ците.

Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според новиот Грегоријански календар т.е. на 19 декември, според стариот Јулијански календар.

Loading...

На овој ден не се работат никакви домашни работи, не треба да се чисти, усисува, пере…

Според еднонародно верување, на овој ден не треба да го потсетувате оној кој должи. За оние кои го слават овој ден како куќна слава сеносат подароци но и оние кои го слават празникот според народните обичаи  своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат по некој дар.

loading...

Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.
Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нов Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите.

Базиликата Свети Никола во Бари, Италија, каде што се наоѓаат најголемиот дел од моштите на Свети Никола

Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња. Христијаните веруваат дека му се јавил гласот на Господ кој му рекол: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ . Набргу потоа бил избран за архиепископ на градот Мира, денешна Турција.

Во времето на царот Диоклецијан и Максимијан, кога христијанското население било прогонувано, мачено и затворано, истото му се случило и нему. Со доаѓањето на власт на Константин I Велики, престанало и прогонувањето на христијаните кои во исто време

добиле и рамноправно место во Римското Царство. Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја, каде се залагал за воведувањето на светото тројство. Поради голема ревност го удрил александрискиот свештеник Ариј.

Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните. Христијаните веруваат дека тој помагал на сите повици и дека од неговото лице сјаело светлост. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година.

По ова, тој бил оптужен за ерес, бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство на собирите. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на Бог на избраните архиери велејќи им дека сториле голема неправда.
Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните.

Во Македонија има повеќе цркви од Свети Никола.Култот на Св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат сите христијани

Христијаните веруваат дека тој помагал на сите повици и дека од неговото лице сјаело светлост. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година.

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.

Loading...
Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close