News

Нови жртви од корона вирусот во Македонија

Починаа уште двајца пациенти од корона, а 44 се новозаразени

loading...

Владата апелира до сите граѓани што можат да ги одложат своите обврски и да останат во своите домови.

Во текот на изминатите 24 часа во Македонија направени се 392 тестирања, а потврдени се 44 нови случаи на Ковид-19.

Loading...

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со новиот корона вирус се искачи 329 лице. Според местото на живеење, досега најмногу случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје, Дебар и Куманово:

Од Министерството за здравство информираа дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар.

loading...

Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Во Македонија вкупно 9 лица починаа од корона вирус.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close