News

Следуваат постудени денови и претежено без врнежи

Во Скопје, променливо облачно и постудено со сончеви периоди . Ќе дува умерен  до засилен ветер од северозападен правец

loading...

Денеска е четврток, 26 декември 2019 година, 360-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 5 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 7 минути.Денов трае 9 часа и 7 минути.

Loading...

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 7 часот и 7 минути, а ќе зајде  во 16 часот и 24 минути.

Времето во Република Северна Македонија ќе биде променливо облачно и постудено, во северните и источните делови на планините и на повисоките места со услови за слаб повремен снег. На повеќе места ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

loading...

Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од два до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно и постудено со сончеви периоди . Ќе дува умерен  до засилен ветер од северозападен правец.

Следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за снег. Во сабота повремен снег ќе има и во пониските места.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close