Lifestyle

Јајцата од „Наша фарма“ од Ѓорче стасаа и до Дубаи – ова е успешната приказна на Жарко

loading...

Веќе две години, во населбата Ѓорче Петров постои приказната за „Наша фарма“, која првично започнала како потреба за здрава храна на семејството Василевски. Основна дејност е производството на јајца од кокошка, но и од други видови птици. Василевски раскажува дека фармата постои од 2016 година, иако како домашна, „тајна фарма“ трае многу повеќе .

„Наша фарма“ се појави како потреба од здрава храна за моето семејство. По купувањето на еден плац почна сѐ. Вишокот производи го понудивме на интернет и почна ефектот на снежна топка. Растеа порачките“, рскажа за својот успех сопственикот, Жарко Василевски.

Loading...

Неговото семејство и пред да започне со овој бизнис од секогаш сакало животни за кои вели дека со љубов ги чувале. „ Производството на јајца од кокошка е доминантно но имаме и шатки , дукатки, мисирки, фазани, препелици. Дел од овие јајца исто ги нудиме на купувачите и интересот е огромен. Најважно од сѐ е храната да е природна, без хемикалии и произведена на еколошки и традиционален начин.

Секако, тука огромно внимание посветуваме на благосостојбата на животните. Тие се среќни на фармата и сите уживаме во една биодинамика која не отскокнува од природните закони“, раскажува Василевски. Најважната девиза во неговиот семеен бизнис е дека со здравјето на луѓето не смеете да си играте. Жарко е најгорд на еколошкото производство без хемикалии и без додатоци.

loading...

Муштериите, додава тој им се од цела Македонија, иако најмногу се концентрирани на Скопје. „ Јајцата од Наша фарма стигнале и до Дубаи од каде што летово имавме и гости. Најчесто купуваат семејства со мали деца кои ги употребуваат во нивната исхрана. Но, сепак купува секој оној кој е свесен за важноста за правилната и здрава исхрана“, вели Жарко.

Повеќе на Женски Магазин

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close