News

Стокомак, КАМ, Кит-Го, Тинекс: Каде најчесто се пазари во Македонија?

loading...

Агенцијата за истражување и консалтинг “Инсајдер ИД” во Октомври 2018 по втор пат спроведе истражување според кое се прогласуваат “Топ 3 Маркети според потрошувачите во Македонија”, кое е спроведено на 1,300 активни потрошувачи во целата држава.

Вкупно потрошувачите имаат наведено повеќе од 40 малопродажни ланци од кои 7 се национални додека сите останати се локални. Прашањето кое се поставува на потрошувачите и според кое се проценуваат ланците е “Во кои 3 ланци на маркети најчесто пазарите?”, со што се одредува интензитетот и преференциите за пазарење независно од приходот или локациите кои ги имаат малопродажните ланци.

Loading...

Тековната 2018-та е обележана како турбулентна за малопродажните ланци особено во Скопскиот Регион, каде по затворање на еден од најголемите ланци до 2014 СП Маркет, се отвори дополнителен простор кој го искористија Кит-Го за влез на главниот пазар и проширување на Зур Маркети. Дополнително “тврдиот дисконт” Киппер ја одбележа со експанзија исто така во Скопје и сериозно проширување на Стокомак на целата територија на државата кој оваа година е и на 3-тата позиција во прилично сериозна конкуренција.

Генерално експанзијата е најголема кај “тврдите дисконти” и се очекува да и следната година да биде обележана со уште поголемо проширување на таквите концепти кое што е тренд не само во Македонија туку и во целиот свет.Како национални ланци исто како и претходната година се Кам Маркет, Тинекс, Веро, Рамстор, Жито Маркет и Стокомак но од оваа година со проширувањето во Скопскиот Регион и Кит-Го.

loading...

Според спроведеното истражување и оваа година на првата позиција е Кам Маркет со значајно повисоко учество од сите останати ланци на маркети и приближно еднакво учество како и во претходната 2017-та година. Тинекс е на втора позиција повторно како и претходната година, но со пониско учество во одговорите, и Стокомак кој го заменува Веро на третата позиција.

* Прашањето е со повеќекратен избор, односно едно анкетирано лице има можност да заокружи повеќе од 1 одговор, со што вкупниот процент надминува 100%;Првата позиција на Кам Маркет е со 69% учество, втората на Тинекс со 33,1% и Стокомак со 26,7%. Разликата помеѓу првата и втората позиција е значајна од приближно 36%. Освен за одредени позиции, не постои значајна измена на процентуалното учество, но поради големото ширење на поголемиот број продажни ланци во Македонија, потрошувачите пазарат во поголем број на маркети а со тоа и самото учество се дисперзира. Стокомак има раст од само 2% во однос на претходната година за од 4та позиција да се искачи на 3та, додека намалувањето на Веро е исто така ниско но доволно за тековната година да не биде рангиран во Топ 3.

Како пример регион е Тафталиџе/Карпош 3 каде во радиус од 500 метри има маркети од ланците Рамстор, Кит-Го, Кам Маркет, Стокомак, Тинекс, Веро, ТСВ Дисконт и неколку локални маркети. Доколку потрошувачите до пред определен временски период пазареле само во Кам Маркет, СП Маркет или Тинекс, во 2018 имаат и повеќе од голем избор.

Единствен “играч” во листата кој во тековната година нема претрпено особен удар од големите промени е Кам Маркет кој и покрај високото учество во претходната, бележи и мал раст во тековната година од 1,2% што посочува дека е стабилен на местото каде е позициониран.

Од структурата на потрошувачите забележливо е дека во Кам Маркет и Стокомак според приходот потрошувачите имаат прилично изедначено учество, додека во Тинекс се зголемува учеството на групите со зголемување и на самиот приход.

Loading...

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close